ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Македонскиот селектор Данило Брестовац го призна поразот од Австрија во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство 2020, по кој Македонија ги заврши настапите на собирот на најдобрите на Стариот континент.
Брестовац потенцираше дека по ова европско првенство, дали со него или без него, не очекува долг пат повторно да се направи силна репрезентација….
„Не знам што да кажам. Дали со мене или без мене, долг е патот во иднина да направиме добра репрезентација. Факт е дека по ова европско првенство треба да има подмладување на репрезентацијата. Мислам дека во иднина Македонија може повторно да има квалитетна селекција но треба добро стратегија како во иднина“ – истакна Брестовац веднаш по поразот од Австријците, притоа дополнувајќи:
„Беа подобри и ја заслужија победата. Ние грешевме многу, не реализиравме многу зицери и сето тоа не чинеше“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА