„Финансиската“ поддршка не им помогна на ракометарите: Министерката и гувернерката во Виена (ФОТО)

Министерката за финансии Нина Ангеловска, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска и генералниот директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев им се приклучија на бројните јавни личност кои деновиве во Виена и дадоа поддршка на македонската ракометна репрезентација во настапот на Европското првенство. Нашиот национален тим сепак не успеа во амбициите за пласман во главниот групен сегмент и по поразот од ко-домаќинот Австрија се враќа во Скопје.

„Нема лесен пораз, особено кога притисокот и очекувањата се на високо ниво.  Ми беше чест да ги бодриме нашите великани. Во победа и во пораз секогаш тука за вас“ – е дел од пораката што на социјалните мрежи ја објави Ангеловска.

 

Се вчитува...