Јувентус немаше милост за Несторовски и Удинезе во Купот на Италија

Италијанскиот првак Јувентус на убедлив начин се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија, совладувајќи го Удинезе со 4-0 во Торино. Цел натпревар за гостите одигра македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Гонзало Игуаин ја отвори серијата голови во 16.минута, а десет минути подоцна Пауло Дибала од пенал зголеми на 2-0.

Во вториот дел, Дибала во 57.минута постигна уште еден погодок, а четири минути подоцна Даглас Коста од пенал го постави конечниот резултат.

Се вчитува...