Пари Сен Жермен славеше на гости против Монако со 1-4 и ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Олимпик Марсеј на осум бода. Тимот на Томас Тухел не ја повтори грешката од претходниот дуел со „кнезовите“ кога дома во Париз одигра 3-3.
Килијан Мбапе во 24.минута донесе водство, а Нејмар зголеми на 0-2 од пенал во последните моменти од првиот дел.
Пабло Сарабија го постигна третиот гол за „светците“, Бакајоко стрелаше за Монако, а конечниот епилог го постави Мбапе со вториот гол на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА