УЕФА воведува дополнителни четири натпревари во Лигата на шампионите

Екипите кои ќе играат во фудбалската Лига на шампионите ќе имаа уште четири дополнителни средби во сезоната од елитното натпреварување. Ваков договор постигнале УЕФА и Асоцијацијата на европски клубови (ЕКА). Ова е компромисно решение со оглед дека големите клубови бараа дополнителни десет средби во шампионската Лига. Сепак сега се задоволни и прифатлив им е предлогот за четири екстра меча.

Нема детали дали овие дополнителни натпревари ќе бидат вметнати во прелиминарната групна фаза или пак ќе биде воведен втор групен дел пред нокаут-рундата. Се предвидува оваа промена да биде воведена од сезоната 2024/25 година.

Една од опциите кои се во игра е УЕФА да воведе осум групи со по шест екипи или шест групи со по шест тима. На овој начин би биле вметнати дополнителните четири натпревари во веќе постоечкиот систем од Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...