Кике Сетиен бил вистински изненаден кога добил повик да биде нов тренер на Барселона. Но, далеку поголем шок доживеал неговиот син Ларо Сетиен кој не може да поверува која е нова тренерска задача на неговиот татко.
„Видов на социјалните мрежи дека е меѓу кандидатите за тренер на Барселона. А, потоа ми се јави и ми кажа дека потпишал со Барселона. Да ви кажам искрено се шокирав. Не знам дали е сон, но знам дека тоа отсекогаш му беше најголема желба во животот. Што е бре ова? Татко ми ќе биде тренер на Меси… Дали е ова нормално!?“ – вели Ларо Сетиен.
Ларо признава дека како дете навивал за Реал Мадрид, но со појавата на Лионел Меси се се променило.
„Навивав за Реал како дете, а потоа се појави Меси и се се промени. Сега, пак, мојот татко ќе го тренира најдобриот светски фудбалер. Неверојатно“ – дополнува Ларо Сетиен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

