Србија доживеа ново фијаско на големите натпреварувања, а најдобриот српски ракометар Петар Ненадиќ, ја отвори душата и жестоко ги нападна луѓето кои го водат ракометот кај нашиот северен сосед. Асот на Веспрем поради недоразбирања со федерацијата реши да не настапува повеќе за националниот тим, но будно ги следеше натапите на својата репрезентација и трите порази во Грац.
„Сум доживеал се и сешто со репрезентацијата. Катастрофа, секој јануари иста приказна, секоја година зборуваме исти работи и никој ништо не помага. Освен Врањеш и Хасанефендиќ, немавме вистински тренер, стабилна личност на цело на репрезентацијата. За петнаесет години двапати сме стигнале во втората рунда. Тој резултат во Грац е слика за нашиот ракомет во последните 20 години, ни го водат погрешни луѓе, со нив го допревме дното“, вели Ненадиќ.
Одличниот бек најави дека е подготвен повторно да го облече дресот на Србија, но само доколку работите почнат сериозно да се менуваат.
„Имам желба, во години сум кога можам многу да помогнам. Главен проблем на нашите тренер е суетата. тие веруваат дека некој треба да ги моли, а гледам како останатите селектори доаѓаат само да ги посетат своите ракометари, да се дружат со нив. Само во Србија секој список има по 26 ракометари, додека кај другите селекции се 16 до 18 играчи. Ќе се вратам, но време е некој сериозно да преземе одговорност. Оние што ни го водат ракометот да си заминат, да почнеме одново. Тогаш јас прв ќе се вратам“, порачува ракометарот на Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА