Капитенот на Косово потпиша за Наполи

Наполи не запира со засилувањата, по ангажманот на Диего Деме од Лајпциг и Станислав Лоботка од Селта, денеска е комплетиран трансферот и на Амир Рахмани од редовите на Верона. Челниците на Верона не сакаа ни да чујат да се разделат од косовскиот дефанзивец кога ги очекува жестока борба за опстанок, па на крајот беше најден компромис – Наполи ќе плати 14 милиони евра и ќе го потпише Рахмани, но тој потоа ќе се врати на позајмица во Верона до крајот на сезонава.

Овој фудбалер има 25 години и настапува како централен дефанзивец. Роден е во Пришина, а играше за младата и за А-репрезентацијата на Албанија. Сепак, откако ФИФА и УЕФА го примија Косово како своја земја-членка, Рахмани го промени „фудбалското државјанство“ и пона да настапува за Косово, носејќи ја и капитенската лента.

Овој фудбалер пристигна во Верона од редовите на Динамо Загреб за два милиони евра, а италијанскиот прволигаш само шест месеци подоцна се договори да го продаде за седум пати повисока сума. Во Наполи тој ќе зема плата од 1,8 милиони евра годишно, огромно зголемување во однос на сумата од 300.000 евра по сезона според актуелниот договор со Верона.

Се вчитува...