Скандал на ЕП – Ракометарите на Шведска пијани лудувале во паб во Малме

Најголемите ѕвезди во ракометната репрезентација на Шведска, Џим Готфридсон, Андреас и Лукас Нилсон и Ким Екдал де Руиц средата вечер ја поминале во локален паб во Малме, во кој испиле голема количина на алкохол. Тоа што не би требало да се прави во тек на едно големо натпреварување, брзо стана предмет на разговор во шведските медиуми, а ракометарите морале поради своите грешки да се извинат на остатокот од репрезентацијата.

„Тоа не е прифатливо однесување, но решивме се во кругот на тимот. Играчите се извинија, а ние сакаме да се извиниме и на сите навивачи кои не поддржуваат. Мораме да бидеме пример за сите, особено во текот на големите натпреварувања“, изјави генералниот секретар на шведската репрезентација, Роберт Ведберг. 

Шведска првиот натпревар од главната фаза го игра вечерва против репрезентацијата на Португалија.

Се вчитува...