Ракометната репрезентација на Норвешка стигна до првата победа во главната групна фаза на Европското првенство, откако полесно од очекуваното ја совлада Унгарија со 36-29.
Норвежаните покажаа атомски ракомет уште на стартот на натпреварот кога поведоа со 9-2. До крајот на полувремето успеаја да ја одржуваат големата предност и на полувреме да заминат со водство од 20-12. Унгарија заигра подобро на вториот дел и во 40. минута успеа да стигне на само минус четири 23-19. Сепак, тоа беше се што направија избраниците на Иштван Гулаш. Норвежаните повторно ја зацврстија одбраната и без поголем проблем стигнаа до конечен триумф од 36-29.
Сандер Сагосен со седум гола повторно беше прво име во таборот на Норвежаните, додека Јоханесен мечот го заврши со шест гола. Кај Унгарците Бенце Наџи и Патрик Лигетвари постигнаа по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА