Анадолу Ефес продолжи со одличните партии во Евролигата, откако го декласираше францускиот АСВЕЛ со 101-74. Во првото полувреме Турците успеаја во НБА стил да постигнат неверојатни шеесет поени со кои беше одлучен победникот на мечот. До крајот се беше само рутина за конечна победа од 101-74. Шејн Ларкин повторно беше најдобар поединец во победничкиот тим со 29 поени, шест скока и седум асистенции. Кај АСВЕЛ, Нуа го заврши мечот со 16 поени.
Актуелниот шампион во Евролигата, ЦСКА Москва без поголеми проблеми ја совлада шпанската Басконија со 94-90. Русите го скршија отопорот на противникот во третиот период во кој на Шпанците им дозволија да постигнат само 13 поени. Во последната четвртина Басконија успеа само да го намали убедливиот пораз, на пристојни 94-90. Неверојатниот Мајк Џејмс повторно имаше одлична партија, завршувајќи го натпреварот со 31 поен, додека кај гостите Јусуфа Фал постигна 19 поени.
Во вториот шпанско руски натпревар, подобри беа Шпаницте, откако Валенсија успеа нагости да триумфира над Зенит Санкт Петерсбург со 81-86. Валенсија три четвртини го контролираше резултатот, а одличниот последен период од мечот во кој домаќините успеаја да постигнат дури 30 поени, не беше доволен за целосен пресврт. Маринковиќ со 14 и Мотум со 12 поени беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените најдобар поединец беше Албиси со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА