Металург загуби во натпреварот за 3. место на турнирот во Монлисон, Франција, од екипата на Саран која славеше со 35-33 (18-12).
„Металурзите“ средбата ја загубија во првото полувреме, во кое противникот успеа да ги казни бројните грешки на македонскиот состав. Во вториот дел Металург го засили притисокот и дојде во позиција да се бори за победа, стигна до 32-32, но во решавачките моменти Саран повторно создаде предност за конечна победа.
Со овој натпревар Металург ги заврши подготовките во Франција. Поради некомплетниот состав, но и поради желбата на тренерот Кастратовиќ шанса да добијат сите ракометари, резултатот на ова турнеја беше во втор план.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА