Гаскоњ ги шокираше Англичаните со информацијата колку троши за таблети против алкохол

Поранешниот англиски репрезентативец Пол Гаскоњ откри дека во 2018 година бил подложен на операција преку која во желудникот му се внесени таблети како помош за борба против алкохолот.

Гаскоњ по крајот на кариерата имаше големо проблеми со зависноста, а платил 24.000 евра за таблети кои му помогнале да престане со алкохолот. Во интервју за „Дејли мирор“ призна дека во 2018 година во Австралија бил подложен на операција.

„Преку таа операција ми внесоа некои таблети во желудникот поради кои ми беше лошо ако пиев алкохол. Можете да испиете една чаша вино, но не повеќе од тоа затоа што би имале ужасна мачнина“ – открива Гаскоњ, дополнувајќи:

„Се надевам дека таа операција ќе биде последна. Сега можам да се контролирам со купување и конзумирањето алкохол“.

Се вчитува...