Фудбалерите на Академија Пандев го загубија првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки. „Пандевци“ на гостувањето во Петрич загубија од бугарскиот третолигаш Беласица со 2-0 (1-0).
Резултатот го отвори Жустино Мендеш уште во 6. минута, а конечните 2-0 за Беласица Петрич ги постави Мохамед Кисе во 60. минута.
За Академија Пандев настапија и најновите засилувања Бугаринот Гранчев и Ндуе Мујеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА