Италијанскиот калчолигаш Милан врза две победи во низа во Серија А, а тренерот Стефано Пиоли и раководството на клубот се обидуваат и да го стабилизираат тимот во зимскиот преоден рок. Како прекубројни во моментот се сметаат Кшиштоф Пјонтек и Сусо кои не добија можност да настапат на последните три меча. Според италијанските медиуми, тие се на прагот да заминат од „Сан Сиро“.
За Пјонтек има интерес од Премиер – лигата, додека Сусо би можел да се врати на позајмица во Шпанија. На излезна врата од Милан е и Бразилецот Пакета за кој има понуда од Пари Сен Жермен.
Милан во моментот се наоѓа на осмата позиција на табелата со 28 бода, десет помалку од Рома која се наоѓа на четвртото место кое носи во Лигата на шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА