Поранешниот ракометар на Вардар, Жоан Канелјас, не можеше да поверува што му се случи кон средината на првото полувреме од дуелот меѓу Шпанија и Белорусија.
Искусниот бек се обиде со удар од земја да го матира противничкиот голман, но заедно со многумина во салата остана шокиран откако топката остана заглавена, во аголот од голот меѓу дирекот и гредата. Белорускиот голман со насмевка на лицето ја извади топката од аголот, свесен колку многу среќа имаше во оваа ситуација.
Квалитетот сепак беше целосно на страната на Шпанците, кои на крајот славеа со убедливи 37-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА