Охрид се засили со дефанзивецот Василев (ФОТО)

На вториот ден од подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Запад, ФК Охрид го официјализираше и четвртото засилување – искусниот дефанзивец Александар Василев.

34-годишниот Василев доаѓа од редовите на Лабуништа каде ги мина последните шест месеци од кариерата.

„Доведовме квалитетен и искусен фудбалер кој ќе ни биде од голема помош. Последната линија од екипата ја комплетиравме и сега ќе работиме на доведување на фудбалери за средината од теренот и нападот“ – информираат од ФК Охрид.

Охрид претходно се засили и со голманот Раиф Мирселоски, Дарко Симјаноски и Ујкан Муча, а од клубот заминаа Даниел Котески, Стефан Петрушески и Кипријан Петрески.

Се вчитува...