Словенија направи огромен чекор кон полуфиналето на ЕП 2020 откако во првиот меч од денешната програма во Малме славеше над Португалија со резултат 29-24. Португалците по сензационалната победа над Шведска врзаа два порази, со што дефинитивно ги загубија шансите за највисок пласман, додека словенечкиот состав продолжува да прикажува одлични игри на ова ЕП, експресно рехабилитирајќи се по неочекуваниот пораз од Унгарија во минатото коло.
Првото полувреме мина во израмнета игра, при што двете селекции се менуваа во водство. Португалија својата шанса ја пропушти пред крајот на полувремето, кога имаше водство од 11-9 и ракометар повеќе на теренот, но по две почетнички загубени топки Блаж Јанц експресно казни и донесе израмнување од 11-11. Словенците дури и поведоа, но португалските ракометари со нов пресврт на одмор заминаа со водство од
Селекцијата од Пиринејскиот полуостров последен пат имаше водство во 38. минута (19-18), период во кој одлично бранеше Квинтана. Сепак, квалитетот и искуството на словенечкиот национален тим на крајот пресудија, Ферлин влезе во серија одбрани, во нападот се погодуваше од најразлични позиции, па во последните десет минути се влезе со водство на избраниците на Врањеш од 26-22. Противникот немаше сили за камбек, па Словенија со рутинска игра ја одржа предноста до конечните 29-24.
Јанц со седум и Доленец и Мачковшек со по шест гола беа најефикасни во победничкиот состав, додека најдобар поединец во португалскиот состав беше голманот Квинтана со 15 успешни интервенции.
Португалија со денешниот пораз ги загуби сите шанси за пласман во полуфиналето, а Словенија е на чекор до пласман меѓу најдобрите четири селекции во Европа, до што може да стигне и со пораз во следното коло од Норвешка, доколку во корист на Словенците завршат резултатите на останатите средби во оваа група.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА