Норвешка забележа победа и на шестиот натпревар на овој европски шампионат, откако оваа селекција славеше во пресметката со Исланд со резултат 31-28. Сандер Сагосен повторно беше во елемент во нападот, Бергеруд бранеше одлично на голот на Норвежаните, а интересно е што Исланѓаните одиграа многу подобро откако селекторот Гудмундсон реши од игра да го повлече најдобриот ракометар на оваа селекција, Арон Палмарсон.
Како пресуден се покажа супериорниот старт на норвешката селекција, која во првите осум минути поведе со 7-0 и потоа го контролираше резултатот до самиот крај. На полувреме се замина со убедлива предност на фаворитот од 19-12, а во вториот дел Исланд излезе на терен со подмладен состав. Ваквата тактичка замисла вроди со плод, „сино-белите“ намалија на само три гола негатива, но немаа сили за целосен пресврт, па Норвежаните го добија овој натпревар со конечни 31-28.
Сагосен со девет гола беше главна фигура и на оваа средба, О’Саливен постигна шест погодоци за Норвешка, додека Бергеруд го заврши мечот со 13 интервенции. Кај Исланд најефикасни на вечерашниот натпревар беа Гудмундсон со пет и Гунарсон со четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА