Ракометната репрезентација на Германија со триумф (26-22) над Чешка го потврди третото место во групата и ќе игра против Португалија во дуелот за петтата позиција на ЕВРО 2020. Селекцијата на Прокоп на полувремето имаше три гола предност (13-10), а до крајот успеа и да ја зголеми. Вебер со пет гола беше најефикасен во победничкиот тим.
Шведска го совлада Исланд со 32-25 и го избегна последното место во главниот групен сегмент. Швеѓаните решија речиси се по првиот дел кога обезбедија водство од 18-11. Нилсон со седум гола беше најдобар стрелец во шведскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА