Италијанскиот калчолигаш Милан се обидува да го засили тимот во зимскиот преоден рок. Звонимир Бобан и Паоло Малдини би сакале да реализираат една размена со Удинезе и да го доведат на „Сан Сиро“ одличниот фудбалер на Удинезе, Родриго де Пол. За него се заинтересирани и Интер и Јувентус, но Милан е подготвен да го вклучи Кшиштоф Пјонтек во размената и да му испрати на Удинезе квалитетен напаѓач.
Пјонтек најчесто е на клупата за резерви и не добива голема минутажа оваа сезона, а тоа уште повеќе ќе се намали по доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ. Милан се обидува да го продаде и Лукас Пакета, за кого постои интерес од ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА