Раиола: ФИФА води медиумска војна против агентите

Еден од водечките агенти во светот на фудбалот, Мино Раиола влезе во вербална војна со ФИФА откако светската организација најави дека ќе ја воведува новата регулатива за лимитирање на парите кои можат да ги добија агентите на фудбалерите. На прашање дали и навивачите сметаат дека агентите веќе доволно зарабтуваат, Раиола вели дека секој пристојно интелегентен навивач ќе ја сфати играта на ФИФА.

„Интелигентните навивачи ќе сфатат дека има медиумска војна против агентите. Луѓето не се глупави, разбираат. Сфаќаат дека ФИФА постојано ги зголемува цените на билетите за Светските првенства, мислам дека за 25 проценти и затоа луѓето од државата која што е домаќин не можат да ги гледаат натпреварите. Сите разбираат дека ФИФА го прави ова за парите да одат преку нејзината банка. Се е ова битка за моќ“ – вели агентот на Погба, Де Лихт, Де Јонг, Донарума, Инсиње, Матуиди, Ибрахимовиќ.

ФИФА најави дека новата регулатива која подразбира ограничување на парите за агентите на 10 проценти од отштетата и три проценти од платите на играчите ќе биде воведена најрано од следната сезона. Агентите на состанок во Лондон донесоа одлука дека решението е неприфатливо. Меѓу побунениците е и Жорге Мендеш, менаџерот на Кристијано Роналдо.

 

 

 

 

Се вчитува...