Убедлив пораз на Вардар и од Динамо Киев

Вардар го доживеа и вториот пораз на подготовките во Анталија. По поразот од сплитски Хајдук (1-3) на првиот тест дуел, „вардарци“ денеска во Белек загубија и од украински Динамо Киев со 0-4.

Украинците победата ја обезбедија со три погодоци уште во првото полувреме. Бујалски отвори во 5. минута, а Сидорчук во 7. минута веќе зголеми на 0-2. На 0-3 зголеми Дуелунд во 29. минута.

Динамо Киев во второто полувреме комплетно ја смени поставата, за да на крајот во самиот финиш од пенал заокружи на 0-4 во 87.минута.

Вардар натпреварот го почна во најсилниот состав со Гачевски, Тошевски, Најдовски, Новак, Брдаровски, Реис Жуниор, Мицевски, Али, Аврамовски, Цветаноски и Ибиши.

Се вчитува...