Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија и долгогодишен тренер на Реал Мадрид, Висенте Дел Боске, беше гостин на Агенцијата за млади и спорт и ФОН Универзитетот и сподели моменти од животната приказна, како и тајните на неговата кариера. Како едно од клучните правила кон успехот во фудбалот го истакна заедништвото во соблекувалната.
„Квалитетот на Шпанија никогаш не бил спорен, сме имале врвни фудбалски имиња, меѓутоа не е нималку лесно да се направи тој победнички спој во соблекувалната. Знаете дека ние секогаш сме имале проблеми на релација Мадрид – Барселона, но јас секогаш се водев од принципот на почитување и респект, а тоа заедништво ни ги донесе и успесите. Репрезентацијата е слика на државата и сите треба да бидат обединети во тие моменти“, изјави Висенте Дел Боске.
Искусниот стратег беше светски првак со Шпанија во 2010 година и европски првак со „црвената фурија“ две години подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА