Норвешкиот ракометар Сандер Сагосен го израмни голгетерскиот рекорд на капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров за најмногу постигнати погодоци на Европско првенство. Тој постигна десет гола во поразот (28-29) од Хрватска во полуфиналната пресметка во Стокхолм и дојде до 61, израмнувајќи го постигнувањето на Лазаров од континенталниот собир во Србија во 2012 година.
Лазаров имаше многу помалку мечеви за да стигне до рекордот, а Сагосен ќе има шанса и во борбата за третото место на ЕВРО 2020 да постави нов голгетерски рекорд на европските шампионати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА