Еурофарм Пелистер го одигра првиот натпревар на мини-турнејата во Србија и славеше над Војводина во Врбас со 27-23. Тимот на Жељко Бабиќ полека се подготвува за вториот дел од сезоната, а новиот тренер наметнува ритам на работа.
На полувреме битолскиот состав имаше предност од 15-11. Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде тимот на Спартак Суботица.
Тимот на Бабиќ во Македонија одигра три пријателски натпревари, загуби од Вардар и славеше над КЛ7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА