Аријан Адеми прави трансфер во Ал Наср

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и прави трансфер во Ал Наср, клуб од Обединетите Арапски Емирати. Тренер на Ал Наср е Хрватот Крунослав Јурчиќ, кој има одлично мислење за квалитетите на Адеми и сака да го види во тимот на Ал Наср.

Хрватските медиуми откриваат дека понудата пристигнала во текот на ноќта и се се одвива експресно, а Адеми е решен да замине откако претходно имаше контакти и со Бетис и со Бордо. Ал Наср испратил фантастична понуда и во тек се преговорите меѓу двата клуба за отштетата.

Аријан Адеми за Динамо Загреб има одиграно 252 натпревари и постигна 22 гола. Тој ја носи капитенската лента на „модрите“.

Се вчитува...