Адеми му се јавил на тренерот Бјелица: Останувам во Динамо

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми нема да ја прифати богатата понуда на Ал Наср, клубот од Обединетите Арапски Емирати, и ќе остане во Динамо Загреб. Капитенот на хрватскиот шампион му се јавил на тренерот Ненад Бјелица и му потврдил дека ќе остане на „Максимир“ и покрај одличните услови кои му ги нуди Ал Наср.

„Разговаравме телефонски, Адеми одлучи да остане во Динамо. Вели дека сепак не сака да го напушти Динамо, посебно што не се работи за понуда од клуб од ‘топ 5’ лигите. Секако дека ќе ја почитуваме неговата одлука, тој и понатаму ќе остане важен играч на нашиот тим“, изјави Ненад Бјелица.

 

 

Се вчитува...