Пред заминувањето на подготовки во Грција, Борец и официјално ги промовираше шесте засилувања за пролетниот дел од шампионатот.
Велешани за продолжението од сезоната се засилија со поранешниот фудбалер на Пелистер и Ренова, Бразилецот Фернандо Да Силва, но и офанзивецот Дарио Десниќ, потоа Никола Радовиќ, Александар Анастасов, Дарко Јоциќ и десниот бек Никола Ристески кој пристигна од редовите на Кит Го.
Борец, под водство на шефот на стручниот штаб Горазд Михајлов, веќе неколку денови ги реализира подготовките во Грција каде е планирано одигрување и четири пријателски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА