Од Пирели информираат дека пред почетокот на новата сезона во Формула 1 шампионатот, нема дополнително да ги тестираат новите пневматици кои во шампионатот ќе се користат од 2021 година.
Минатата година одлично беше извршено тестирањето во текот на големата награда на САД во Остин. Сепак, поради ладното време не дадоа прави резултати, па сите екипи ги критикуваа нивните перформанси. Поради тоа сите тимови решија во 2020 се уште да ги користат старите пневматици.
Шефот на програмата Пирели спорт, Марио Изола призна дека во фирмата не ни инсистирале на тестирање на новите пневматици во сезоната 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА