Французите потврдија: Жил е нов селектор, отказ за Динар

Веќе нема никакви дилеми, Гијем Жил е нов селектор на француската репрезентација откако на Дидие Динар му беше врачен отказ од селекторската функција по неуспехот на ЕП 2020.

„Триколорите“ и претходно знаеле да се „лизнат“ на европски шампионати, но слабата игра и лошата атмосфера во националниот тим во пресрет на предолимпиоскиот турнир беа причините поради кои Француската Ракометна Федерација реши да го смени Динар. Поранешниот „експерт за дефанзива“ освои злато на првото големо натпреварување, СП во Франција, потоа стигнуваше до бронзи на ЕП во Хрватска и на СП во Германија, но елиминацијата од првата фаза во Трондхајм придонесе неговата селекторска авантура експресно да заврши.

Жил му беше „десна рака“ на Динар во изминатите години, но сега ќе го има првиот самостоен селекторски ангажман. Прва задача ќе му биде успешен настап на предолимпискиот турнир во Франција, на кој „триколорите“ ќе се сретнат со Хрватска, Португалија и со Тунис.

Се вчитува...