Фудбалерите на Пелистер славеа со 2-1 против Тиквеш на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот под Тумбе кафе во Битола.
Битолчани победата ја осигураа со двата погодоци уште во првото полувреме со двата гола на Благојче Главевски во 31. и во 44. минута, а Тиквеш успеа само да го ублажи поразот со голот во 65. минута на Александар Мишов, кој се врати на терените по повредата.
Ова е прва победа на Пелистер за време на зимските подготовки, откако во првата контрола ремизираше со српскиот суперлигаш Мачва од Шабац на тестот во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА