Фернандињо влезе во последните шест месеци од договорот со Манчестер Сити и се очекуваше бразилскиот ветеран на крајот од сезонава да ги напушти „граѓаните“. Сепак, во последен момент дојде до промена на планот, откако Гвардиола инсистираше Фернандињо да остане уште една сезона, па управата на Сити експресно се договори за продолжување на соработката со Бразилецот до јуни 2021 година.
„Ова е прекрасна вест за мене, сакам да им се заблагодарам на членовите на стручниот штаб и на соиграчите. Уживам во секоја секунда што ја минувам во клубот, освојуваме трофеи заедно и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил“, изјави Фернандињо.
Бразилскиот интернационалец е член на Манчестер Сити од 2013 година, кога пристигна од редовите на Шахтјор. Тој досега има одиграно 299 средби во дресот на „граѓаните“, постигнувајќи 23 погодоци.
Тој најчесто настапува на позицијата последен играч за врска, но во кризниот период при повредите на неколку дефанзивци Фернандињо доби улога во последната одбранбена линија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА