Ненад Димитријевиќ се врати по ситната повреда и беше најдобар во таборот на Хувентуд, но не можеше да помогне да се спречи убедливиот пораз на неговиот тим на гостувањето против Тофаш (91-76).
Турскиот тим се одмазди за поразот во Барселона минатото коло, доминираше од почеток до крај и заслужено стигна до убедлив триумф. Токму Димитријевиќ со седум поени (без промашување) и две асистенции одржуваше резултатска неизвесност во првата четвртина што заврши со минимални 17-15 за Тофаш. Турците потоа влегоа во серија во втората четвртина, стигнаа до двоцифрена предност и во ниту еден момент не им дозволија на гостите од Шпанија да се понадеваат на камбек.
Македонскиот плејмејкер го заврши натпреварот со 15 поени и 6 асистенции за 22 минути игра, а во таборот на Хувентуд потфрли Препелич, кој минатата седмица беше херој со 27 поени, а вечерва во Турција постигна само три поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА