Атлетико Мадрид ќе биде сериозно ослабен за неделното дерби против Реал Мадрид откако беше обелоденето дека Жоао Феликс ќе мора да мирува извесен период по повредата заработена на дуелот со Леганес.
Најскапиот фудбалер на Атлетико се пожали на болка во мускулот, лекарите се уште немаат утврдено точна дијагноза, но му препорачале на младиот Португалец целосно мирување во следните неколку денови. Новите прегледи ќе покажат колку ќе изнесува паузата на Феликс, но тој дефинитивно нема да му биде на располагање на Диего Симеоне за гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.
Останува да се види кога португалскиот напаѓач повторно ќе може да игра фудбал, ако се знае дека следниот месец Атлетико го очекува и првиот осминафинален натпревар од ЛШ, против европскиот првак Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА