Неочекувано финале: Кенин против Мугуруза за титулата на Австралија Опен

Американската тенисерка, Софија Кенин го обезбеди првото грен-слем финале во кариерата, ќе игра за титулата на Австралија Опен против Шпанката Гарбине Мугуруза откако во полуфиналниот дуел со 2-0 во сетови беше подобра од првата турнриска носителка и водечка на ВТА листата, Ешли Барти. 21-годишната Кенин, воведниот сет го доби во тај-брејк, а во вториот сет беше подобра со 7-5. Домашната фаворитка, Барти пропушти по две сет топки во секој од сетовите. Барти не успеја и стане првата Австралијка по 40 години кој дошла до финалето на турнирот в0 Мелбурн.

 

 

Кенин во финалето ќе и се противстави на Мугуруза која во дуелот со Симона Халеп славеше во два сета. Во драматиниот прв сет, шпанската тенисерка беше подобра во тај-брејкот со 10-8,  вториот сет и припадна со 7-5. За Мугуруза која има две грен-слем титули во кариерата, оа е прво финале на Австралија Опен. Има трофеи од Ролан Гарос од 2016 и од Вимблдон од 2017 година.

 

 

 

Се вчитува...