Македонскиот шампион Шкендија одигра натпревар без голови против чешкиот тим Карвина на вториот свој тест за време на подготовките во Анталија.
Тетовци беа подобар тим на теренот во Белек, но низ 90 минути не успеаја да стигнат до погодок. Во првиот пријателски натпревар, Шкендија претходно славеше против словачкиот прволигаш Серед со 3-2.
Следниот натпревар на „црвено-црните“ во Анталија е пресметката со данскиот Рандерс на 4. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА