По три едноподруго порази, кошаркарите на Реал Мадрид конечно стигнаа до својата 16-та победа сезонава. Во 22. коло од Евролигата „кралевите“ славеа на гостувањето против Макаби Тел Авив со 77-81.
Во драматичен натпревар, Шпанците сосема заслужено стигнаа до победата откако доминираа низ првите три четвртини од средбата. Во финишот домашните се обидоа да стигнат до пресврт, но безуспешно.
Најефикасен кај Реал Мадрид беше Ентони Рендолф до 19 поени, додека кај домашните се издвои Скоти Вилбекин со 21 постигнати поени.
Фенербахче победи со 70-74 на гостувањето против Алба во Берлин, додека Олимпијакос славеше против Басконија со 80-70.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА