Барселона пазареше од Брага

Шпанскиот гигант Барселона го потврди доаѓањето на младиот португалски фудбалер Франциско Тринкау, кој на Камп ноу ќе се пресели во јули месец. Тој доаѓа од редовите на Брага, а се шпекулира дека оштетата која ќе ја платат Каталонците ќе изнесува 31 милион евра.

Тринкао беше четвртта опција зимава за Барселона, бидејќи претходно не успеаја да ги ангажираат Родриго од Валенсија, Тошиќ од Ајакс и Ришарлисон од Евертон. Тринкао има само 20 години, а примарна позиција му е десно крило.

 

 

Се вчитува...