Турскиот кошаркарски гигант, Анадолу Ефес ја декласираше белградска Црвена Звезда нагости со 78-85. Турците во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот, а на моменти и си поигруваа со кошаркарите на белградскиот тим.
Уште од самиот старт избраниците на Атаман уфрлија во повисока брзина, а по десет минути игра имаа предност (16-24). Во вториот период продолжи фуриозната игра на Турците кои на полувреме заминаа со огромни 21 поен позитива (30-51). Во третата четвртина „црвено-белите“ заиграа подобро и успеаја да го намалат резултатот на (58-72). До крајот на мечот избраниците на Шакота успеаја само да го ублажат поразот за конечни 78-85.
Шејн Ларкин со 24 поени повторно беше прво име во победничкиот табор, додека Синглтон уфрли 13. Кај поразените се истакна Дејан Давидовац со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА