Гвардиола го спореди Мурињо со Мајкл Џордан

Тотенхем и Манчестер сити го одбележуваат викендов колото во Премиерлигата со меѓусебната пресметка утре од 17:30 часот. Жозе Мурињо на „мегдан“ со стариот ривал Пеп Гвардиола првпат откако ја презеде клупата на Тотенхем.

Факт е дека сега не се во „ромноправни“ положби, ако се знае дека Гвардиола царува изминативе години во Ангалија, а репутацијата на Мурињо е на најниско ниво во последната декада. Но, и покрај тоа Гвардиола во најавата за дербито нагласи дека на Мурињо мора да му се суди според целата кариера.

„Вредноста на Жозе не може да се мери во само една сезона затоа што се работи за човек со огромно искуство. Мора да ја погледнете целата негова кариера, во последните 15-20 години. Тоа има огромна вредност. Секој менаџер има добри и лоши моменти, но Жозе е на врвот во фудбалот 20 години и тоа мора да се почитува“ – истакна Гвардиола на прес-конференцијата пред мечот, и дополни:

„Освојуваш многу титули, а луѓето мислат дека не си добар? Во спортот секогаш повеќе ќе губиш отколку што победуваш. Мајкл Џордан има шест НБА титули, но повеќе губеше отколку што победуваше. Но, секогаш секој знае дека се работи за најголемиот спортист во историјата. Затоа и јас отсекогаш сум му се восхитувал на Мурињо за она што го направи во фудбалот“.

Се вчитува...