Рудигер спречи пораз на Челси во Лестер

Лестер и Челси ремизираа 2-2 во првиот натпревар од 25. коло во Премиер-лигата, исход од кој со оглед на случувсњата на теренот позадоволни можат да бидат гостите од Лондон. Најзаслужен за бодот на тимот на Френк Лампард беше дефанзивецот Антонио Рудигер, кој двапати успеа да го совлада Каспер Шмајхел и спречи пораз на својата екипа.

Челси прв поведе со голот на Рудигер на самиот почеток од второто полувреме, но „лисиците“ заиграа многу подобро и направија пресврт со погодоците на Барнс и на Чилвел. Гостинскиот состав не се предаде, туку успеа да израмни, повторно Рудигер беше стрелец откако германскиот репрезентативец со прецизен удар со глава ги постави конечните 2-2.

Лестер имаше две извонредни шанси да постигне и трет гол и да стигне до цел плен, но Еванс од пет метри биеше непрецизно со глава, а потоа и Барнс потфрли со реализацијата кога се најде „еден на еден“ со Кавалиеро по одличната асистенција на Варди.

Се вчитува...