Манчестер Јунајтед не успеа да триумфира на домашен терен против Вулверхемптон (0-0), меч на кој своето деби во дресот на „црвените ѓаволи“ го имаше Бруно Фернандеш.
Португалскиот ас прикажа добра игра на средината од теренот, но недостигот од врвен голгетерски талент на Јунајтед беше очигледен и на оваа средба, домаќините премногу тешко создаваа шанси за гол, па на крајот мораа да се задоволат само со еден бод. Најубавата шанса во финишот ја имаше дефанзивецот Мегваер, но неговиот удат беше запрен од голманот Руи Патрисио.
Избраниците на Солскјер по ова реми паднаа на делба на шестото место (во меѓувреме ги мина Шефилд Јунајтед), рамо до рамо со Вулверхемптон, со шест бода заостанување зад четвртопласираниот Челси во трката за место во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

