Лајпциг се спаси од пораз, но Баерн е новиот лидер во Бундес-лигата

Баерн Минхен е новиот лидер во Бундес-лигата откако Лајпциг и Борусија Менхенгладбах ремизираа 2-2 во дерби-дуелот од 20. коло во елитниот германски шампионат.

Лајпциг влезе како лидер во оваа рунда, но по минатонеделниот пораз од Ајнтрахт избраниците на Нагелсман разочараа и во првото полувреме од денешниот дуел со Борусија. Гостите беа подобри на теренот, ги искористија своите шанси и поведоа со 0-2. „Резервистот“ Шик намали на 1-2, а откако Плеа доби црвен картон кај Борусија, Лајпциг дури во самата завршница стигна до израмнување со прекрасниот погодок на Нкунку, постигнат со „проектил“ од над 20 метри.

Лајпциг со ова реми има 41 бод, еден помалку од Баерн Минхен. Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах се наоѓаат на делба на третата позиција со по 39 бода.

Се вчитува...