Не требаше да мине многу време за Војдан Стојановски да се наметне како лидер и во екипата на Гравелин Данкерк, на која македонскиот капитен и се приклучи пред десетина дена од таборот на Пау Ортез.
Стојановски одигра одличен натпревар за својата нова екипа на гостувањето против Лимож, но тоа сепак беше недоволно за да се стигне до победата на овој натпревар (77-71). Токму со тројката на Македонецот тргна серијата на Данкерк со која гостите стигнаа до израмнување (69-69), но Лимож сепак го издржа завршниот удар, заигра подобро во последните две минути и на крајот стигна до победата.
Војдан Стојановски одигра 32 минути и беше најефикасен во својата екипа постигнувајќи 16 поени (2/3 за тројка, 5/8 за два поени), надополнети со шест скокови и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА