Се подготвува нов спектакуларен трансфер, ако се суди според најавата на дел од англиските медиуми кои тврдат дека Јувентус подготвил дури 150 милиони евра за доведување на стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.
Од Јувентус веруваат дека Ван Дајк би бил отворен за трансфер доколку Ливерпул ја освои Премиерлигата. Токму поради тоа подготвуваат сума која „црвените“ не би можеле да ја одбијат, а за Ван Дајк би следел нов предизвик во кариерата.
И самиот Ван Дајк пред само една недела во интервју за „Дејли мејл“ нагласи дека сака да ги исполни сите свои соништа во кариерата, и доколку е можно со што повеќе клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

