Гвардиола: Ќе бидам неуспешен во Манчестер Сити без титула во ЛШ

Пеп Гвардиола смета дека ќе биде оценет како неуспех неговиот мандат во Манчестер Сити ако со клубот не освои титула во Лигата на шампионите. Поранешниот тренер на Барселона по доаѓањето во Сити во 2016 година има освоено пет трофеи меѓу кои и титулите во Премиер-лига во претходните две сезони, но европските успеси го заобиколуваат.

„Минатата сезона беше одлична за нас, но луѓето постојано ми потенцираат дека не сме ја освоиле Лигата на шампионите. Токму затоа ќе бидам оценет како неуспешен ако не триумфираме во ЛШ во мојот последен период овде“ – вели Гвардиола.

Манчестер Сити нема пласман повеќе од четвртфиналето во Лигата на шампионите под водство на Гвардиола. Во минатите три сезони „граѓаните“ доживеаја елиминации од Монако, Ливерпул и од Тотенхем.

 

Се вчитува...