Неверојатни сцени на натпреварот од Купот на Северна Ирска меѓу Белимена јунајтед и Воренпоинт.
Белимена триумфираше на натпреварот со 2-1, но мечот го одбележа противничкиот голман Марк Брин кој одлучи во финишот од средбата да се пресмета со навивачите. Брин сосема неочекувано влета во публиката и почна физичка пресметка со неколку навивачи. Следеше вистински хаос во кој се вклучија и други фудбалери од двата тима.
„Ова секако не е добра реклама за фудбалот во Северна Ирска. Никој не сака да гледа вакви сцени. Се надевам дека овој испад на поединец нема да даде генерална слика за нашиот тим. Голманот секако ќе биде казнет согласно правилникот на клубот“ – истакна по мечот менаџерот на Воренпоинт.
Warrenpoint Ballymena match ends in carnage with the keeper in fighting with the crowd. pic.twitter.com/ABZ5xrR4hH
— Roderick Decker (@roddecks) February 1, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

