Арсенал го одигра четвртото последовно реми во Премиер – лигата откако не успеа да постигне гол на гостувањето кај Барнли. Имаа „топчиите“ шанси, ќе жалат за пропуштените можности на Пјер Емерик Обамејанг и на Александре Лаказет, а во финишот и Барнли имаше свои шанси да стигне до цел плен.
Микел Артета ќе мора да поработи на офанзивниот дел, а во меѓувреме тимот ќе остане на десеттата позиција на табелата во англискиот шампионат. Барнли е едно место подолу со идентични 31 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

