Пеп Гвардиола има причина да биде бесен, неговиот тим загуби уште еден натпревар во кој имаше доминација, посед на топката од 67% и дури 18 удари кон противничкиот гол наспроти три на Тотенхем. Сепак, на крајот се бројат само головите, а „граѓаните“ на денешното дерби ниту еднаш не ја затресоа мрежата на Љорис, притоа промашувајќи и еден пенал.
Трофејниот стратег делува се поисфрустрирано, a бесот на Пеп на своја кожа го почувствуваа фудбалерите на Сити, кои останаа заклучени во соблекувалната од стадионот во Тотенхем. Лекциите од Гвардиола траеле 45 минути, но на сите им е јасно дека трката за титулата е загубена бидејќи Сити заостанува огромни 22 бода зад лидерот Ливерпул.
За ваквиот однос менаџерот на Манчестер Сити ќе добие казна од ФА, поради фактот дека никој од таборот на „граѓаните“ не се појавил на задолжителната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

